Познат светски моден бренд бесплатно изнајмува костуми за разговори за работа

- Advertisement -

Шведскиот моден бренд кој е познат во целиот свет H&M им овозможи на купувачите бесплатно да ги изнајмуваат костумите кои ги продава на период од 24 часа. Компанијата својата услуга за изнајмување облека првично ја стартуваше во Велика Британија, но планира истата услуга да ја понуди и во САД почнувајќи од 13 мај.

Наводно, овој потег на компанијата е дел од пошироката цел – фокусирање на одржливоста на модниот гигант, кој ја стартуваше и колекцијата conscious collection во 2012 година. Таа колекција содржи предмети кои се направени од најмалку 50% одржливи материјали.

- Advertisement -

Шведскиот моден гигант планира од 2030 година натаму да користи исклучиво рециклирани или други материјали направени од одржлив извор. Од H&M изјавија дека услугата изнајмување облека исто така ќе им овозможи на сите кои одат на разговор за работа да остават моќен прв впечаток.

Купувачите имаат цел ден да ја искористат изнајмената облека и мора да ја вратат во однапред платена кеса. Иако купувачите на компанијата H&M не се одговорни за каква било мала штета од типот на флеки, ќе мора да ја платат целосната малопродажна цена на облеката ако дојде до каква било поголема штета.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -