Google планира да вложи 740 милиони долари во Австралија

- Advertisement -

Американскиот софтверски гигант Гугл објави дека ќе инвестира милијарда австралиски долари (740 милиони американски долари) во Австралија во следните пет години.

Парите ќе бидат искористени за изградба на центар за истражување, зголемување на капацитетот за компјутерски облак и финансирање партнерства со локалните организации, соопшти Google.

- Advertisement -

Инвестициите во рамките на Иницијативата за дигитална иднина треба директно да отворат 6.000 работни места во Австралија, а треба да се поддржат вкупно 28.000 работни места.

„Австралија може да се рангира меѓу лидерите на новиот светски бран на иновации и да ја искористи технологијата во обид да го подобри животот на граѓаните, да создаде работни места и да напредува“, рече шефот на Google, Сундар Пичаи.

- Advertisement -

„Одлуката на Google ќе биде од голема корист за австралиските компании при закрепнувањето на економијата “, истакнал австралискиот премиер Скот Морисон.

„Компанијата ќе инвестира во партнерства со локални организации, вклучително и Организацијата за научни и индустриски истражувања на Комонвелтот (CSIRO)“, рече Морисон.

- Advertisement -

Планот на Гугл ќе ги поддржи напорите на Сиднеј да изгради статус на „Јужна хемисфера во Силиконската долина“, забележува Би-Би-Си, потсетувајќи дека изградбата на технолошкиот центар во центарот на градот треба да започне следната година и да биде завршен до 2026 година.

За големите технолошки компании во Австралија, кои минатата година беа критикувани поради тоа што не сакаа да им платат на медиумите за содржината објавена на нивните платформи, не им одеше сè како што треба, потсетува Би-би-си.

Австралија, во меѓувреме, стана првата земја во светот која законски ги обврза големите технолошки компании, вклучувајќи ги Гугл и Фејсбук, да плаќаат за пренесените вести.

Некои бараат и да се олесни доминацијата на пребарувачот на Google, па шефот на регулаторот за конкуренција во октомври побарал од Google да инсталира „екран за избор“ на мобилните телефони и да им овозможи на корисниците да изберат друг пребарувач.

Сподели!
- Advertisement -