Канада е првата држава во светот која одобри вакцина против КОВИД-19 за деца од 12 години

- Advertisement -

Канадското Министерство за здравство денеска соопшти дека ќе дозволи примена на вакцината против корона вирусот од производителот Pfizer-BioNtek за деца на возраст од 12 години. Со тоа Канада стана првата држава во светот која одобрила вакцина против корона вирусот за таа старосна група.

Министерството за здравство заклучи дека вакцината е безбедна и ефикасна во превенцијата на КОВИД-19 кај деца на возраст од 12 до 15 години. Додаваат и дека одлуката е донесена после ригорозни и независни прегледи на научни докази. Канадските власти претходно ја одобрија истата вакцина за постари од 16 години.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: ccnull.de)

Сподели!
- Advertisement -