Најголем дел од опциите на социјалната мрежа Instagram беа ограничени на мобилната апликација, а меѓу нив е и креирањето и едитирањето на објавите. Меѓутоа, веќе некое време постои тренд на ширење на функциите на декстоп страницата на Instagram, а наскоро стигнува и можноста за креирање и менување на објави.
На интернет се појавија примери како функцијата работи на Instagram, а наводно ќе биде достапна и опцијата drag and drop за објавување фотографии, клипови, кратење, избор на филтри, тагнување луѓе и локации, додека интерфејсот ќе биде сличен на апликацијата.
Засега не е познато кога ќе бидат достапни новите опции на десктоп. Моментално е во тек интерното тестирање, па може да дојде и до промена на одредени детали.
(Klix.ba)
(фото: Flickr)