Фластер кој ја враќа способноста за зборување

- Advertisement -

На луѓето кои поради некоја причина ја исгубиле способноста да зборуваат им стојат на располагање уреди наречени електроларинкси, кои се многу скапи, инвазивни и честопати недостапни. Други уреди кои може да ги користат се такви за превод на напиша тескт или користење симболи во говорот, што не е никаква замена за вистински разговор.

Но, сега истражувачи од Универзитетот Калифорнија во Ло Анџелес дизајнираа мек неинвазивен фластер кој на луѓето со пореметувања во гласот може да им помогне да проговорат. Фластерот беше претставен во спсианието Nature Communications, а е направен од пет многу тенки слоеви.

- Advertisement -

Надворешните слоеви се направени од мек, еластичен силиконски материјал, додека средниот слој е направен од силициум и микромагнети, кои создаваат магнетно поле кое се менува со движењето на мускулите во грлото. Двата слоја кои го обвиткуваат се направени од бакарна жица, а ги претвораат промените во магнетното поле во електрични сигнали и ги обработуваат со AI алгоритам, кој потоа ги преведува во говорни сигнали.

Авторите на оваа студија фластерот го тестирале на осуммина воолонтери, кои изговарале и шепотеле зборови и реченици како „Среќен Божиќ“ или „Те сакам“ додека стоеле, се движеле или трчале. Се покажало дека фластерот работи со прецизност од околу 95%. Креаторите на фластерот веруваат дека со понатамошниот развој фластерот би требало да им помогне на пациентите со пореметувања на гласот да комуницираат ефикасно.

- Advertisement -

(Bug.hr)

Сподели!
- Advertisement -