Mattel направи колекција Barbiе кукли од рециклирана пластика

- Advertisement -

Пластиката има уништувачко влијание врз животната средина, но само 9% од фрлената пластика се рециклира. Додека владините лидери ја забрануваат употребата на пластиката за еднократна употреба на глобално ниво, бизнисите и корпорациите може да престанат со развој на нови пластични производи и да полнат да работат поодржливо.

И најпознатата кукла во светот Barbie доби преобразба со цел да се бори против пластиката во океаните и климатските промени. Компанијата која ја произведува куклата, американски Mattel, ја најави својата најнова колекција Barbie Loves the Ocean, која е направена од рециклирана пластика собрана од океаните. Колекцијата е само една од неколкуте иницијативи на Mattel за користење на материјали кои се 100% рециклирачки, рециклирани или биоразградлици до 2030 година.

- Advertisement -

Barbie Loves the Ocean е составена од три кукли чии тела се направени од најмалку 90% пластика собрана од океаните. Колекцијата вклучува и сет за играње Beach Shack и аксесоари, кои исто така се направени од 90% рециклирана пластика. Освен колекцијата играчки, брендот Barbie ја лансира кампањата The Future of Pink is Green, која ќе му помогне на брендот да стане поодржлив, како и да ги едуцираат децата за значењето на животната средина.

Barbie склучи и партнерство со 4ocean за креирање на лимитирана серија 4ocean x Barbie алки направени од 100% рециклирачки материјали. За секоја продадена алка 4ocean ќе отстрани половина килограм пластика од океаните, реките и бреговите и ќе придонесе со едукативни материјали за инспирирање на идните генерации.

- Advertisement -

(Global Citizen)

(фото: Mattel)

Сподели!
- Advertisement -