Во април земјава ја посетиле 9.103 странски туристи, најбројни од Турција и Србија

- Advertisement -

Над 9.000 странски туристи ја посетиле земјава во април годинава, а од почетокот на годинава 42 586. Објаените податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека од странските туристи во април, чиј број е 9.103, најголем дел биле од Турција и Србија, а најпосетена дестинација била Скопје.

Вкупниот број на туристи и домашни и странски во април изнесувал 19.064, од кои 52,3 отсто се домашни туристи, а 47,7 отсто се странски туристи, а за перодот јануари-април годинава 97.735 и бележи намалување од 19,4 отсто во однос на тој период лани. Кај домашните туристи има зголемување за 23,3 отсто, а кај странските има намалување за 44,3 отсто.

- Advertisement -

Бројот на ноќевањата во април 2021 година изнесува 42.117, од кои 51,9 отсто се од домашните туристи, а 48,1 отсто од странските туристи.

Во периодот јануари-април 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 12,8 отсто, и тоа кај домашните туристи има зголемување за  12,4 отсто, а кај странските има намалување за 32 отсто. 

- Advertisement -

(МИА)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -