Amazon ги претстави новите помошници – роботите Ernie и Bert

- Advertisement -

Роботите нема да ги заменат луѓето, туку би им биле од помош во извршувањето на секојдневните задачи во складиштата и со тоа да го намалат ризикот од повреди. Така, вработените во складиштата на Amazon наскоро добиваат помош во секојдневната работа при преносот и сортирањето на бројни нарачки пред да се испратат понатаму. Но, во складиштата нема да работат нови работници, туку – роботи. Како што вообичаено бидува при вработувањето на роботската работна сила од Amazon порачуваат дека тие нема да ги заменат луѓето, туку ќе им ја олеснат работата и ќе ги растоварат од одредени работи.

Amazon моментално во складиштата во Сиетл, Бостон и во Италија тестира два вида роботи кои со време треба да ги заземат своите места во други складишта на компанијата.

- Advertisement -

Роботот Ernie се наоѓа на постолје и не се движи по складиштето, а задачата му е со роботска рака да ги подига кутиите и да ги поставува пред работници. Благодарение на него вработените во складиштата повеќе нема да мора да се наведнуваат и да се качуваат и да го оптеретуваат телото за да дофати предмети и пакети, со што се намалува шансата за повреда.

Минатиот месец од компанијата најавија дека до 2025 година сакаат да го намалaт бројот на несреќи на работно место за 50% и сакаат да инвестираат над 300 милиони долари во безбедносни проекти.

- Advertisement -

Другиот робот, Bert, е мобилен и опремен со камери и сензори за да може да се движи по скалдиштето. Целосно е автономен и програмиран за пренос на пакети од локација до локација. Amazon веќе размислува за негова поголема верзија која би превезувала поголем и потежок товар. Исто така, Amazon моментално развива уште два автономни роботи за превоз на товар- Scooter и Kermit.

Amazon почна да воведува роботи во своите складишта уште пред 9 години и нагласуваат дека од моментот кога првиот робот почнал да работи до денес имаат вработено повеќе од 1 милион луѓе. Со тоа сакаат да покажат дека вработувањето роботи нема да влијае на работните места на луѓето.

- Advertisement -

(Digital Trends)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -