Халкбанк и годинава организатор на хронометар велосипедската трка Halk Velo Green што ќе се одржи во септември во Маврово

- Advertisement -

И годинава, на 8 Септември во Маврово повторно ќе се одржи хронометар велосипедската трка HALK VELO GREEN чиј организатор е Халкбанк АД Скопје, како дел од платформата HalkEco  која има за цел поттикнување здрави животни навики и придонесување за подобра животна средина. Халкбанк минатата година за прв пат се јави во улога на организатор на спортски настан, а големиот одзив за учество во првата хронометар велосипедска трка и тоа во услови на пендемија, беше потврда дека расте бројот на корисници на велосипедот, било како превозно средство, било како начин за рекреирање.

И во годинешнава Halk Velo Green ќе се вози рута во должина од 22 км во правец  Бистра – Леуново – Бистра, а учесниците и овојпат ќе се натпреваруваат во категориите ПРО и ХОБИ и тоа во машка и во женска конкуренција, со тоа што годинава за првпат се воведува и категорија ПРО Кидс за деца и младинци. За најдобрите се предвидени и вредни награди.

- Advertisement -

Категоријата ПРО ги опфаќа сите оние кои се членови на клубови во Велосипедската федерација на Македонија (ВФМ), но во неа можат да возат и сите оние кои се чувствуваат подготвени да се натпреваруваат со овие велосипедисти. Категоријата ХОБИ е наменета за велосипедистите кои рекреативно се занимаваат со овој спорт. Во ПРО Кидс, во машка и женска конкуренција, ќе се натпреваруваат деца од 6 до 12 години и млади од 13 до 17 години.

Халкбанк го отвора пријавувањето за Halk Velo Green од денес, 1 јули и истото ќе се одвива преку www.halkvelogreen.mk .  Годинава вкупниот број на учесници е ограничен на најмногу 500. За учество во трката е предвидена котизација која за пријавувањето во јули изнесува 800 денари, за пријавите од 1 до 15 август – 1000 денари, а за пријавување од 16 до 31 август – 1200 денари. Собраните средства од котизациите повторно ќе се искористат за набавка на садници за пошумување на површини во земјава.

- Advertisement -

Собраните средства од ланската хронометар велосипедска трка, во која беа пријавени над 300 велосипедисти кои уживаа  во возењето и во прекрасната природа што ја има Маврово, беа искористени за набавка на 8000 дрвја со кои е извршено пошумување во Свети Николе.

Halk Velo Green која веќе прераснува во традиција е во знакот на тенденцијата на Халкбанк да промовира здрави животни навики кај населението и да придонесува кон зачувување на животната средина, за што сведочи и апликацијата HalkEco (www.halkeco.mk) која го охрабрува секој корисник да биде физички поактивен, еко свесен и да ја мотивира заедницата со своите секојдневни здрави навики, со крајна цел придонесување кон засадување на нови зелени површини на локации во земјата каде што истото е неопходно.

Сподели!
- Advertisement -