Компанијата ZTE моментално е единствената која комерцијално продава смартфони со селфи камера сместена под екранот, а наскоро стигнува и друга генерација. Меѓутоа, на тој пазар сега влегува и Huawei.
Од Samsung се очекува наскоро да го претстави Galaxy Fold 3 со невидлива камера под екранот, а и Oppo работи на слично технолошко решение. Но, сега Huawei е на пат да им се приклучи откако патентираше уред од тој тип.
На интернет протекоа информации со официјални документи и илустрации од уредот, врз основа на кои настанаа и рендери. Од рендерите може да се заклучи дека смартфонот ќе биде од среден ранг, како и дека е многу сличен на Honor X20 SE со оглед на модулот на камерите и вкупниот дизајн.
(Klix.ba)
Фото – Wikimedia Commons