Светскиот економски форум: Секој трет човек живее во Кина или Индија

- Advertisement -

Азија е дом на 60 проценти од светската популација. Секој трет човек живее во Кина или Индија.

Просечната возраст на жените е 75 години, додека просечната возраст на мажите е 71 година. Од 2000 година, просечниот животен век е продолжен за шест години.

- Advertisement -

Јапонија има најстаро население во светот. Просечната возраст на жителите на оваа земја е 45,9 години.

Нигер има најмлада популација, а просечната возраст на населението во оваа држава е 15,2 години. Сите 10 земји со најмладо население во светот се африкански земји.

- Advertisement -

85% од децата на возраст под 16 години се во училиште.

Во моментов живеат 7,88 милијарди луѓе во светот. Глобалното население расте годишно за 1,1 процент.

- Advertisement -

Се проценува дека на Земјата ќе има 8,5 милијарди жители до 2030 година, а 9,7 милијарди до 2050 година.

Светскиот економски форум ги презема овие информации од World Population Review и од Обединетите нации (ООН).

Сподели!
- Advertisement -