ИТ научник и уметник направи приказна за еволуцијата на Земјата во видео кое милијардите години еволуција ги прикажува во само неколку минути симулација и апсолутно никого нема да остави рамнодушен.
Пред околу 4,5 милијарди години растопениот камен почнал да се формира во Сончевиот систем и планетата која денес ние ја нарекуваме наш дом. Милијардите години еволуција го претвориле тој течен камен во прекрасна планета, на која астрономите досега не и нашле пандан егзопланета.
Сите тие незамисливи години трансформација и еволуција на Земјата уметникот Дејвид А. Робертс го собрал во еволутивна приказна. Епската приказна ја почнува со многу топла протопланета преполна со кратери кои допрва треба да се формираат во стабилно планетарно тело, а завршува со силни светла од континентите на денешната Земја.
После воведот во раната Земја темпото забавува на циклусот меѓу ден и ноќ, теренот станува фиксен како што тектонските движења стануваат незабележливи. Набрзо ноќта открива светла како што луѓето полека ја колонизираат површината на планетата.
Робертс ја направил симулацијата користејќи GLSL засенувачки фрагменти, кои се дел од графичкиот програмски јазик Open GL. Тој одамна сакал да ја направи симулацијата, а инспирацијата за еволуцијата ја добил откако ја открил компјутерската игра SimEarth од 1990 година. За изработка на симулацијата му требале неколку месеци.
(Vice.com)
(фото: Pikrepo)