Хакерите вратија 260 од украдените 600 милиони криптовалути

- Advertisement -

Хакерите одговорни за една од најголемите кражби на криптовалути во историјата вратија повеќе од 1/3 од украдените 600 милиони долари, соопштија експертите за криптовалути. Poly Network, децентрализиранаѕта финансиска платформа која посредува во peer-2-peer трансакциите, ја објави веста дека е хакирана на Twitter.

Вредноста на украдениот имот во пари беше нешто над 600 милиони долари. Рoly Network подоцна ги повика хакерите да ги вратат украдените средства на неколку дигитални адреси.

- Advertisement -

Сега компанијата за блокчеин форензика Chainalysis објави дека се вратени околу 260,97 милиони долари во криптовалути. Хакерите изјавија дека кражбата ја направиле заради забава и дека сакале да покажат ранливост на платформата пред да ја искористат други.

Идентитетот на хакерите уште не е познат. Некои од експертите сметаат дека хакерите можеби ги вратиле парите затоа што тешко е да ги „исперат“ во толкава количина.

- Advertisement -

Оваа кражба беше една од најголемите во историјата на децентрализираните платформи за финансиски трансакции во криптовалути, надминувајќи го хакерскиот напад на платформата Coincheck со седиште во Токио во 2018 година, во кој беа украдени 530 милиони долари во биткоин.

(N1)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -