Автор – Дан Оријан, амбасадор на Израел во Република Северна Македонија
Дури и оние од нас кои не се особено запознаени со климатската криза, не може да не бидат алармирани од она што се случува околу нас во последно време. Додека масивните поплави во Германија и Западна Европа однесоа животи на стотици луѓе, цели села во Кина и Индија беа однесени од обилните дождови. Џиновски град наврна врз Италија среде лето, а Британија и Швајцарија беа изненадени од ненадејното диво и дождливо време. Сардинија, Грција, Северна Македонија Албанија и Сибир беа погодени од широко распространети пожари, а во Калифорнија температурите достигнаа незамисливи рекорди од 56 целзиусови степени, оставајќи ги жителите со чувство како да се топат во вистинска печка.
Имајќи го предвид сето ова, важниот извештај објавен оваа недела од Меѓувладиниот панел за климатски промени треба да послужи како сериозен предупредувачки знак за сите нас. Мораме да ги промениме нашите начини на живот и да преминеме кон животен стил и економија што ги поддржува – а не ги нарушува – климата, природата и животната средина на планетата Земја.
Сведоштвата на стотиците научници кои учествуваа во пишувањето на овој извештај, врз основа на илјадници добро воспоставени и разновидни научни студии, се од исклучително значење. Дојдено е времето за промени. Промената сепак, е тешка, и ни требаат успешни приказни, меѓусебно учење и технологии што ќе ни помогнат да преминеме во економија со нулта емисија на штетни гасови до 2050 година, и да ги преполовиме емисиите на стакленички гасови на човештвото до 2030 година.
Ако наоколу барате инспирација и добри идеи, ќе откриете дека Израел се издвојува од толпата. Со децении Израел научи да воспостави земјоделство во пустините и сушните области, да рециклира 90% од отпадните води и да ја отстрани солта од водата за пиење. Израел има развиено неверојатни решенија за складирање енергија, енергетска ефикасност и обновлива енергија, да развива револуционерна индустрија на замена за животински протеини и знае како да ги зачува шумите во услови на суша и сувост. Израел е жива лабораторија за развој на практични решенија за климатската криза.
Иновациите на Израел во однос на климата, можат да му помогнат на целиот свет да ги развие способностите што му се потребни за да се прилагоди на климатската криза и да изгради отпорност. На пример, земете ги неверојатните случувања што се случуваат во истражувачките институти и приватниот сектор во Израел во областа на замената на животински протеини. Производи како месо, млеко, јајца и многу други, се произведуваат во лаборатории со употреба на методи кои речиси и да не испуштаат гасови со ефект на стаклена градина и кои овозможуваат да се ослободат огромни површини за еколошка реставрација и пошумување од земјоделско земјиште што во моментов се користи за сточарски цели. Како ова да не е доволно, овие технологии, исто така, го отвораат патот за зголемена глобална безбедност на храната во време на ерата на климатска криза.
Иновациите на Израел во однос на климата се многу потребни за да се намалат емисиите на стакленички гасови и тие обезбедуваат едни од најфасцинантните решенија во светот денес во областите на складирање на енергија под комппресиран воздух, производство на енергија од морските бранови, употреба на напредни компјутерски алатки за енергија менаџмент и многу повеќе.
Ако сме ние предмет на животот, тогаш мора да соработуваме едни со други. Денес на сите им е јасно дека не постои ниту една земја, силна и развиена, која може да се справи сама со оваа невидена криза во историјата на човештвото. Треба заедно да ги искористиме сите неверојатни способности на човештвото за да го свртиме овој огромен брод што е планетата Земја – на кој сме сите, рамо до рамо – кон безбеден брег. Единствениот начин да го направиме ова е преку заедничка работа, споделување информации и искуство и обезбедување взаемна поддршка. Израел е подготвен да даде свој дел од искуството, како и да учи од искуствата на другите.
Во последната година започнавме соработкаод мал размер во оваа област со Фондот за иновации, и имавме заеднички предизвик за О2. Победничките проекти ќе дојдат во Израел кога ситуацијата ќе ни овозможи продолжување на партнерството. Како и во минатото, се обидовме да го комбинираме раскажувањето на минатото со предизвиците пред нас. Оваа година, кога не можевме да маршираме во Битола во спомен на Македонските Евреите, имавме проект за засадување дрвја во нивни спомен, како што се сеќаваме на минатото, се обидуваме да бараме начини да ја обезбедиме иднината. Засадувањето на дрвја е без сомнение само еден мал чекор. Во тек е подготовка за започнување на асцелераторска програма која ќе ги помогне иновациите во зелени технологии во регионот, и ќе биде подржана од Израел.
Се надевам дека ќе ги најдеме начините за соработка во овие важни полиња, а последниот извештај на ОН е уште еден повик за будење кој се надевам дека сите ќе го послушаме. Имаме знаци од природата кои не можат да бидат игнорирани и среќен сум што има многу организации кои се грижат за климатските промени во Македонија.