Кинескиот технолошки гигант кој досега произведуваше паметни телефони и други интернет гаџети Xiaomi и официјални регистрираше нов бизнис – производство на електрични автомобили. Новата компанија е во сопственост на Xiaomi, се вика Xiaomi EV и ќе произведува автомобили. Основана е со капитал од околу 1,55 милијарди долари.
Во март годинава компанијата со седиште во Пекинг ги објави плановите за стартување нов бизнис со електрични автомобили и инвестиции во вредност од 10 милијарди долари во текот на наредната деценија.
Xiaomi EV досега има 300 вработени, а бизнисот го води основачот и извршен директор на групацијата, Леи Јун. Пред неколку дена кинескиот гигант објави дека го купил Deepmotion, компанија која произведува технологија за автономно возење, со цел да ја подобри технолошката конкурентска предност во бизнисот со електрични возила.
Xiaomi, познат по своите смартфони други интернет гаџети, според оценките на CNBC, ќе настапи на кинескиот пазар кој веќе го преплавија многу играчи. Акциите на Xiaomi пораснаа за околу 1,4% и го надминаа растот на референтниот Hang Seng индекс.
(Bizlife)
(фото: Flickr)