Млекото од вакцинираните мајки ќе ги штити бебињата од корона вирусот

- Advertisement -

Млекото од мајките кои примиле две дози вакцина против корона вирусот може да содржи антитела кои ги штитат бебињата од овој вирус. Истражувањето е спроведено од декември 2020 година до март 2021 година и иако е мало, научниците велат дека дало охрабрувачки резултати.

Испитани биле 21 здравствен работник во САД. Тие никогаш претходно немале корона вирус. Ова било отприлика во периодот кога вакцините за прв пат станаа достапни за здравствените работници во САД. Земени биле примероци од мајчино млеко и крв вкупно три пати: пред вакцинација, после првата доза и после втората доза. Резултатите покажале дека после втората доза вакцина постои силен одговор на антитела во крвта и во млекото. Забележано било 100% зголемување на заштитата во однос на бројот на антитела пред вакцинација, пишува Independent.

- Advertisement -

Исто така, бројот на антитела присутни после вакцинацијата бил поголем од тој кој бил забележан пред природната инфекција со вирусот. Кога ќе се родат бебињата нивниот недоволно развиен имунолошки систем тешко се бори против инфекцијата. Затоа се премлади соодветно да реагираат на одреден вид на вакцина, велат експертите.

„Нашите резултати покажуваат дека вакцинацијата го зголемува бројот на антитела против САРС-КоВ-2 вирусот, кој предизвикува КОВИД-19. Вакцинираните мајки можат да го пренесат својот имунитет на своите бебиња“ вели Џозеф Ларкин, еден од авторите на истражувањето.

- Advertisement -

(Independent)

Сподели!
- Advertisement -