Во Словенија дури и луѓето кои работат од дома мора да се вакцинираат

- Advertisement -

Во Словенија дури и вработените кои работат од дома мора да се вакцинриаат, објавија вчера словенечките медиуми повикувајќи се на словенечкото Министерствo за труд. За потсетување, Словенија воведе задолжителни КОВИД потврди за одење на работа, за одење во трговски центар, за одење на лекар, за возење во јавен превоз, за различни услужни дејности, за јавните установи и за корисниците на нивните услуги.

Словенечкото Министерство за труд напоменува дека од условот PTC (вакцинирање, прележување или тестирање) не се исклучени ни луѓето кои работат од дома. Ако работниците кои работат од дома немаат КОВИД потврда, мора да се тестираат со брзи антигенски тестови за самотестирање најмалку еднаш неделно. После тестирањето на работодавците мора да им испратат потврда за тестирањето на која се наоѓа датумот на тестирање, резултатот од тестот и потпис. Трошоците за тестирањето ги сноси работодавецот.

- Advertisement -

(Index.hr)

(фото: cc-null.de)

Сподели!
- Advertisement -