Во Русија се изнајмуваат приватни авиони на неколку часа само за правење фотографии за Instagram

- Advertisement -

Повеќето ѕвезди на Instagram имаат барем по една гламурозна фотографија во приватен авион. Сега секој на Instagram може да одглуми луксузен живот и возење со приватни авиони. Барем во Русија. Московското студио за фотографирање Private Jet Studio продава двочасовни сесии на приватни авиони и тоа: на Gulfstream G650 два часа чинат 244 долари со вклучен личен фотограф, а 191 долари без фотограф. Доколку сакате цело видео од искуството, ќе треба да платите 434 долари за два часа.

Можете да изнајмите и професионалци за коса и шминка кои ќе ве средат пред фотосесијата. На фотографиите нема да се забележи дека цело време сте во приземјен авион. Додека ве фотографираат или снимаат можете да уживате во шампањско. Некои луѓе со себе ги носат и своите кучиња.

- Advertisement -

Идејата за вакви фотосесии на приватни авиони е инспирирана од постовите на Instagram ѕвезди како Џанлука Ваки, на кого само една фотографија има повеќе од 200.000 допаѓања. Фотографиите потоа се користат за зголемување на базата на следбеници.

(Business Insider)

Сподели!
- Advertisement -