Илон Маск сега е побогат од Бил Гејтс и Ворен Бафет заедно

- Advertisement -

Благодарение на порастот на вредноста на неговите компании Teslа и SpaceX, богатството на Илон Маск годинава се зголеми за над 66 милијарди долари. Листата со милијардери на Bloomberg открива дека денес во светот има дури 11 луѓе кои имаат над 100 милијарди долари богатство, а моментално првото место како најбогат човек во светот е никој друг, туку Илон Маск.

Од почетокот на пандемијата неговото богатство брутално порасна и според последните бројки на Bloomberg, сега Маск „тежи“ неверојатни 236 милијарди долари. Дека се работи за огромна сума најдобро ќе ви покаже споредбата со други двајца познати милијардери – Бил Гејтс и Ворен Бафет. Имено, богатството на Маск сега е поголемо од богатството на двајцата милијардери заедно – Гејтс има 130 милијарди долари (4. место), а Бафет има 103 милијарди долари (10. место).

- Advertisement -

Второто место на листата го дри Џеф Безос со 197 милијарди долари, а на трето место е Бернар Арно со 164 милијарди долари. Тој и Бафет се единствените луѓе на листата со топ 10 милијардери кои не работат на полето на технологијата. И покрај проблемите со Facebook и загубата од 6 милијарди долари за неколку часа, Цукерберг се наоѓа на седмо место со 121 милијарди долари, а пред него се основачите на Google. После нив следуваат Лери Елисон и Стив Балмер на 8. и 9. место.

(Bloomberg)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -