Вакцината„Фајзер“ oдобрена за деца од 5 до 11 години во САД

- Advertisement -

Советодавниот одбор на американската Администрација за храна и лекови (ФДА), составен од реномирани американски здравствени експерти, ја одобри употребата на вакцините на „Фајзер“ за деца на возраст од пет до 11 години.

Одборот, со еден воздржан, гласаше за придобивките од вакцинацијата во превенцијата на Ковид-19 во таа возрасна група и смета дека се надминати сите потенцијални ризици, вклучително и несаканите срцеви нарушувања кои се многу ретки кај адолесцентите и младите кои имаат добиено повисоки дози, јавуваат агенциите.

- Advertisement -

Сепак, ФДА не е обврзана со препораките на ова тело и се очекува да донесе независна одлука во рок од неколку дена.

Ако ФДА одобри дози прилагодени за децата, претстои уште еден чекор: следната недела, Центрите за контрола и превенција на болести ќе треба да одлучат дали да препорачаат вакцинација и за која возраст.

- Advertisement -

Иако децата се изложени на помал ризик од тешки форми на Ковид-19 од постарите, децата на возраст од пет до 11 години сè уште се соочуваат со сериозна клиничка слика, бидејќи беше откриено дека од 8.300 регистрирани хоспитализации, околу една третина од пациентите биле на интензивна нега, додека починале речиси стотина болни деца.

Препорачаната доза за деца е една третина од целосната доза на вакцината на „Фајзер“ препорачана за оние над 12 години.

- Advertisement -

Фото – ccnull.de

Share
Сподели!
- Advertisement -