Nova Solutions во чекор со дигиталниот свет со иновативната апликација Hof zu Küche за германскиот пазар

- Advertisement -

Nova Solutions е прва дигитална агенција во Македонија која го реализираше иновативното решение Hof zu Küche, како дигитална платформа, базирано на концептот Farmarket кој освои втората награда на натпреварот на светскиот бренд Ericsson во 2014 за најдобра мобилна апликација.

Апликацијата има за цел да ги поврзува рестораните и кантините кои работат во компаниите со локалните фармери во Германија, обезбедувајќи едноставна и брза нарачка на свежи прехранбени производи. Иновативното решение на дигиталната агенција Nova Solutions минатата година доби официјална поддршка и од Фондот за иновации и технолошки развој.

- Advertisement -

„Тргнувајќи од проблемот на малото познавање и недоволните информации за производството на здрава храна од локалните фармери, согледувајќи го времето кое се троши за купување на намирници од маркетите, ја препознавме можноста за креирање и воведување на иновативен сервис- платформа за поврзување, нарачка, маркетинг и испорака на намирници од локалните фармери до рестораните. Брзата дигитализација и можностите кои ги нуди интернетот беа пресудни за реализирање на оваа иновација, а заштедата на време со брза и едноставна испорака на свежи прехранбени производи до консументите е една од главните цели на оваа дигитална платформа“, изјави Предраг Стојковски, извршен директор на Nova Solutions.

Главната цел на проектот е да создаде лесна и професионална алатка за поврзување на производителот и крајниот корисник на многу лесен, брз и достапен начин. Апликацијата нуди дел за „Пребарување во локалната понуда“, што им дава видливост на локалните земјоделци и нивните производи, со што ќе се поддржи регионалното земјоделство.

- Advertisement -

„Со гордост можам да кажам дека овој проект е почеток на кулминацијата во нашето работење, а дефинитивно ќе отвори и многу поголеми можности преку кои нашата компанија ќе може да се развива. Бизнис потенцијалот на апликација е многу голем, бидејќи многу лесно истата може да функционира во целиот свет“, додаде Стојковски.

Иновативното решение, Hof zu Küche ќе ја олесни процедурата за нарачување од земјоделците, а ќе создаде и еден нов концепт на пазарот, со што ќе се подобри пристапот до свежи производи за обичните луѓе. Корисникот ќе може да ги пребарува производите од локалните фарми или продавници кои продаваат локално произведена храна, со што ќе може да пребарува и филтрира различни производи, врз основа на достапноста. Новиот бренд „Hof zu Küche“ и UX/UI на апликацијата е резултат на повеќемесечното истражување во соработка со германската агенција Foodkompanions.

- Advertisement -

Nova Solutions е претпријатие кое опслужува неколку илјади домашни и странски компании со услуги преку дигитализација и креативно е-изразување, маркетинг, особено на социјалните мрежи и креативни оригинални е-дизајни како е-алатки за развој на бизнисите.

Сподели!
- Advertisement -