Од компанијата Pfizer тврдат дека нивната нова таблета за КОВИД-19 го намалува ризикот ох хоспитализација на заразените за неверојатни 89%. Ако тоа е вистина, нивниот лек ќе може да стави крај на пандемијата на корона вирусот.
Лекот за кој станува збор се вика Paxlovid, се зема орално и е сличен на новиот лек на Merck, кој Велика Британија го одобри минатата недела. Од Pfizer велат дека пациентите на кои го тестирале новиот лек имале симтпоми пет дена и сите покажале позитивни резултати после примањето на лекот. Тие тестирања ја охрабрија компанијата да го стопира планираното тестирање на повеќе луѓе и резултатите директно да ги испрати до американската Агенција за храна и лекови со надеж дека ќе добие одобрение.
„Резултатите покажуваат дека нашиот кандидат за лекување на корона вирусот, ако биде одобрен, има потенцијал да спаси многу животи, да ја намали сериозноста на симптомите на КОВИД-19 и да спречи 9 од 10 хоспитализации на пациенти“ вели Алберт Боурла, извршен директор на Pfizer.
И двата лека, на Merck и на Pfizer функционираат така што ја спречуваат способноста на корона вирусот да се размножува. Од Pfizer додаваат и дека „ритонавир“, лек кој се користи за третирање на ХИВ/СИДA, може да ја зголеми ефективноста на лекот за корона вирусот.
Pfizer тврди дека целта им е лекот да биде еднакво достапен за сите, а фокусот ќе им биде да ја достават пилулата во целиот свет по многу пристапна цена.
(Interesting Engineering)
(фото: Flickr)