Безос сака да ја изгради првата приватна вселенска станица

- Advertisement -

Главниот извршен директор и основач на компанијата Blue Origin од Сиетл и основач на најпознатиот е-трговец во светот, Amazon, Џеф Безос, вчера најави дека планира да ја изгради првата приватна вселенска станицa во земјината орбита од 2025 до 2030 година.

Станицата ќе го носи името Orbital Reef, а Безос ја развива со неколку партнери, меѓу кои и Boeing. Orbital Reef ќе служи како некој вид на мешовит бизнис парк, а ќе биде наменет за разни клиенти – такви кои се занимаваат со истражување, индустриски и меѓународни клиенти, но и за туристи.

- Advertisement -

Blue Origin неодамна се најде на насловните страници после лансирањето во вселената на 90-годишната икона од филмот „Ѕвездени патеки“, Вилијам Шатнер, кој во текот на краткиот престој во вселената го промовираше вселенскиот туризам.

До денес најголемата вселенска станица во која најдолго престојуваат астронаути и Меѓународната вселенска станица, со која управува американската вселенска агенција НАСА заедно со бројни партнерски агенции од целиот свет.

- Advertisement -

Кина моментално работи на изградбата на сопствена вселенска станица, Tiangong, a уште неколку приватни компании веќе ги претставија плановите за комерцијални вселенски станици.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -