Во Хрватска пронајден пат стар 7.000 години

- Advertisement -

Арехолози кај островот Корчула под наслаги од морска тиња пронајдоа пат стар дури 7.000 години. Водителот на истражувањето, Игор Борзиќ од Универзитетот во Задар, забележал чудни структури во морето, после што археолошки тим утврдил дека на 4-5 метри длабочина се наоѓа населба исто како на кај Солине.

На локалитетот, освен патот, пронајдени се и неолитички артефакти како камени сечила, камени секири и делови од воденички камења. Иако подводното археолошко истражување почнало поради локалитетот кај Солине, пронајден е пат кој ја спојува потопената предисториска населба Хварска со брегот на островот Корчула.

- Advertisement -

Од задарскиот универзитет објаснуваат дека станува збор за сложени камени плочи кои се дел од пат широк четири метри, кој го спојувал вештачки создадениот остров со брегот.

Радиокарбонската анализа на дрвото пронајдено во минатата кампања покажала дека целата населба датирала од околу 4.900 години пред нашата ера. Луѓето оделе по тој пат пред речиси 7.000 години.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -