Американската војска основаше нова агенција која ќе ги следи НЛО

- Advertisement -

Америкаското Министерство за одбрана пред неколку дена најави основање на работна група која ќе ги собира и ќе ги проучува извештаите и сведоштвата за НЛО. Одлуката за основањето стигна откако повеќе американски законодавци ја истакнаа нужноста од основање на тело кое ќе ги надгледува таквите истраги. 

Името на новонастанатата агенција не звучи воопшто привлечно или лесно за изговарање во форма на акроним, а гласи Група за синхронизација, идентификација и менаџирање со воздушни предмети или скратено AOIMSG.

- Advertisement -

Темата НЛО е се поактуелна во САД, а бившиот шеф на агенцијата која ги истражувала таквите тела порача дека американската влада во своја сопственост има навистина „егзотични материјали“. 

AOIMSG ќе ги синхронизира сите напори во Министерството и пошироката американска влада за откривање, идентификација и одредување објекти од интерес во воздушниот простор за специјална употреба, и ќе ги оценува и ќе ги ублажува какви било закани по безбедноста на летање и националната безбедност, се наведува во соопштението од Пентагон. 

- Advertisement -

Таа агенција ќе ја наследи работната група за неидентификувани воздушни феномени на американската морнарица, која е основана во 2020 година со истата цел. Со оглед на тоа дека НЛО ентузијастите имаа големи оечкувања од претходната работна група и останаа разочарани од нејзината работа, новата агенција ќе мора да ги исполни и нивните очекувања. 

(Sputnik)

- Advertisement -

Фото – Pixabay

Сподели!
- Advertisement -