Процесот на стареење е неизбежен, но тим од јапонски научници пронајде начин како да го забави тој процес и истовремено да лекува многу бoлести поврзани за стареењето.
Јапонските научници создадоа вакцина која ги таргетра т.н. зомби клетки кои со тек на време се насобираат и ги оштетуваат здравите клетки. Се верува дека токму тие зомби клетки се врзани за низа болести како последица на старењето, на пример, срцевите заболувања.
Во истражувањето кое го објавија во списанието Nature Aging научници опишуваат како нивната вакцина успеала да го намали бројот на тие зомби клетки кај глувци. Ефектот на вакцината бил забележан и кај деловите од телото зафатени со затнати артерии.
Старите или зомби клетки се клетки кои престануваат да се размножуваат како нормалните клетки, но исто така и не умираат. Тие некогаш биле нормални клетки, но после некој стресен настан, како оштетување на нивната ДНК или после зараза со вирус, тие влегуваат во таква зомби состојба наместо да умрат. Како што со тек на време се насобираат во телото, им наштетуваат на здравите клетки така што ослободуваат хемикалии кои предизвикуваат воспаленија. Со тек на време тие клетки придонесуваат за процесот на стареење и отвораат можности за цела низа болести.
Јапонските научници идентификуваат протеин кој се наоѓа во тие стари клетки кај луѓето и глувците и врз база на него синтетизирале вакцина базирана на аминокиселини кои помагаат во создавањето на тој протеин. Вакцината на база на пептиди му овозможува на телото да создаде антитела кои може да се врзат за старите клетки, кои потоа може да бидат отстранети преку белите крвни зрнца, кои се лепат за тие антитела.
Научниците велат дека вакцината има мал број нуспојави и дека нејзината ефикасност е подолготрајна од сегашните сенолитици.
(RT)
(фото: Wikimedia)