До вчера, 14 декември, вакцинирани се вкупно 838.987 граѓани, ревакцинирани се 810.990, а трета доза примиле 86.266 граѓани. Вкупно аплицирани се 1.736.243 дози вакцини, соопшти Министерството за здравство.
Според досегашните податоци на МЗ, досега две дози примиле 48 отсто од полнолетните граѓани во земјава, а 57 отсто од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани. 22 отсто од вакцинираните граѓани постари од 60 години примиле трета доза вакцина. Опфатот со една доза вакцина на полнолетната популација е 50 отсто.
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. Министерството за здравство уште еднаш апелира дека вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата.
„Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста и се намалува шансата од заболување како и смртен исход од болеста“, нагласија од МЗ.
(Meta.mk)
(фото: Pxhere)