Со цел да ги прослави празниците како што треба и истовремено да се приклучи кон напорите за одржливост и мулти-функционалност на пакувањата, американскиот пивски бренд Miller Lite смисли навистина „генијално“ решение – лименки кои истовремено може да служат и како лампиони.
Како што пренесува порталот www.marketing365.mk Се работи за кугли со шуплива срцевина во која може да се вметне стандардна пивска лименка, а потоа на отворачот од лименката да се стави кука со цел да се добие лампион за вашата новогодишна елка.
Таканаречените “Beernaments” (кованица од beer/пиво и орнаменти) се продаваат во пакет од шест примероци по цена од 19.75 долари, преку веб-сајтот на Miller Lite.
Според брендот, пакувањето е идеално за интимни собири во пост-карантински услови, на кои ќе ги поканите вашите сакани заедно да декорираат, пијат и да се веселат.
За кампањата е снимани и промотивно видео со актерот и комичар Џими О. Јанг, кој вели: „Мојата елка е подобра од твојата елка бидејќи има пива на неа“. 🙂
Кампањата е реализирана со помош на агенциите DDB Chicago, DDB San Francisco и Alma.