Moderna: Нашиот бустер е ефикасен против омикрон варијантата

- Advertisement -

Moderna објави дека нивната трета доза од вакцината, т.н. бустер против болеста КОВИД-19 дава значителна заштита и против омикрон варијантата. Како што соопштија од таа фармацевтска компанија, нивната трета доза го зголемува нивото на неутрализирачки антитела за 37 пати во однос на после втората доза.

Но, додаваат дека уште поголема ефикасност е забележана кога бустер дозата се дава во двојно поголема количина отколку за класичното вакцинирање – 100 микрограми во однос на одобрените 50 микрограми.

- Advertisement -

Дозата од 100 микрограми го зголемува нивото на неутрализирачки антитела за отприлика 83 пати, покажуваат прелиминарните податоци на Модерна. Додаваат и дека дозата од 100 микрограми при тестирањата била безбедна и испитаниците добро ја поднеле.

Инаку, оригиналната доза на вакцината на Moderna се покажа помалку ефикасна кај омикrон варијантата. Од компанијата велат дека и покрај тие податоци продолжуваат со развој на вакцина која би била прилагодена за омикрон варијантата, а која би требало да влезе во клиничко тестирање на почетокот на 2022 година.

- Advertisement -

Поради долготрајната закана, која ја покажува способноста на омикрон да го заобиколи имунолошкиот систем, Moderna ќе продолжи со развој на прилагодена вакцина, но ќе продолжи и со вклучување на омикрон варијантата во својата програма за довакцинирање.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Freepik)

Сподели!
- Advertisement -