TikTok е најпосетуваната веб-страница за 2021 година

- Advertisement -

Според Cloudflare, TikTok го надмина Google по бројот на посети на страницата и стана најпопуларен домен за 2021 година. Во конкуренција за најпопуларна страница беа и сите услуги на Google како мапите, преводот, резервациите на летови, веститие итн.

TikTokе социјална платформа која на луѓето им овозможува да објават видеа долги до максимум 3 минути. Сопственост е на кинеската компанија ByteDance, а е глобална верзија на кинеската апликација Douyin, која се појави на кинескиот пазар уште во 2016 година. Во 2018 година TikTok се спои со друга кинеска социјална платформа Music.ly.

- Advertisement -

Корисниците ги рангираат објавите – од шеги и трикови, до плејбек на песни, па дури и танвои перформанси. Додека на почеток прво ја привлече најмладата популација, сега TikTok има приврзаници од сите возрасти, особеноо во текот на пандемијата.

Според Cloudflare, TikTok во февруари годинава имал најдобри резултати за сообраќајот на страницата, но потоа во март и во јуни имало пад. Сепак, од август платформата има максимален сообраќајци го држи првото место. Листата на Cloudflare се базира само на грубите податоци и не вклучува детални анализи на трендовите.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -