Познато е како ќе изгледаат паметните очила на Apple

- Advertisement -

Еден дизајнер вез база на претходно објавени скици за паметните очила на Apple направи рендер кој покажува како најверојатно ќе изгледаат тие очила. Арсеналот на уреди кои Apple секоја година ги претставува во текот на идните 12 месеци може да биде дополнет со уште еден целосно нов уред. За нивните паметни очила слушаме со години, но изгледа дека му дојде крај на чекањето и на конференцијата на која ќе бидат претставени идната генерација iPhone уреди ќе бидат претставени и паметните очила за проширена и виртуелна реалност.

Бидејќи Apple постојано се труди да спречи протекување на информации за своите уреди, многу работи не се познати за очилата, но изгледа дека првиот модел ќе биде направен слично како очилата на Oculus.

- Advertisement -

Претходно годинава на интернет се појавија некои нацрти и скици како може да изгледаат, а врз база на нив дизајнерот Иан Зелбо направи рендер. Од него може да се види дека уредот ќе има стаклен визир во кој ќе може да се ужива во виртуелна реалност, но и во проширена реланост, а од страните има ременчиња кои потсетуваат на часовниците на Apple.

Според сите досегашни информации, очилата на Apple ќе бидат наменети за луѓето со подлабок џеб затоа што се очекува премиум цена. Името на уредот уште не е познато, иако со години се зборува дека ќе се викаат Apple Glasses.

- Advertisement -

Колку се точни нацртите на дизајнерот Зелбо треба да дознаеме во септември идната година. Според повеќе извори поврзани со компанијата, 1,5-2 години после овој уред можеме да очекуваме паметни очила кои ќе изгледаат како класични очила со диоптер или како очила за сонце и кои ќе имаат само поддршка за проширена реалност.

(9to5Mac)

- Advertisement -

(фото: Ian Zelbo)

Сподели!
- Advertisement -