Глобалниот индекс на перцепција на корупцијата, објавен од Транспаренси интернешнал, покажува дека Македонија е на 87-то место од 180 земји во светот. Целиот регион на Западен Балкан е слабо оценет од Транспаренси интернешнал, чие истражување покажува дека корупцијата е најзастапена во Босна и Херцеговина.
Индексот на перцепција на корупцијата беше лансиран во 1995 година. Оттогаш, тој е водечки глобален показател за корупција во јавниот сектор во земјите ширум светот, а во 2012 година, Транспаренси интернешнал ја ревидира својата методологија за да ги споредува резултатите од година во година. Земјите се рангирани од 0 до 100, каде што 0 претставува силна корупција, додека 100 е знак за екстремно ниска корупција.
Според Индексот на перцепција на корупцијата, најтранспарентни земји во 2021 година се Данска, Финска и Нов Зеланд со 88 поени. Најкорумпирани земји во светот се Јужен Судан со 11 поени, Сирија и Сомалија со 13 поени, Венецуела со 14 поени, Јемен, Северна Кореја и Авганистан со 16 поени.
Се посочува дека низ целиот Западен Балкан и во Турција, која има индекс 38, концентрацијата на моќ е во рацете на автократските лидери и нивните партии кои ја поткопуваа судската независност, што помага да се одржи заробувањето на државата.
На скалата од 180 земји според Индексот на перцепција на корупцијата 2021 година, Хрватска е на 63-то место со 47 поени. Ова е идентичен резултат како и лани.
Кога станува збор за другите земји од регионот, Црна Гора е на 64 место со 46, БиХ со 35 на 110, Србија со 38 поени на 96 место, додека Словенија е на 41 место со оценка 57.
Македонија има минимален напредок од четири поени(39) во однос на 2020 година и се наоѓа на 87. место, но сеуште е во црвената зона со висока корупција.
Нашата земја го дели 87-то место со уште осум земји Косово, Етиопија, Колумбија, Гвајана, Мороко, Суринам, Танзанија и Виетнам.
(Denar.mk)
(фото: Wikimedia)