Од користените заштитни маски може да се направат батерии

- Advertisement -

Заштитните маски, освен тоа што не штитат од пандемијата на корона вирусот, опасно ја загадуваат животната средина. Сега научници покажаа нов метод на повторно искористување на старите маски – за производство на евтини, флексибилни и ефикасни батерии.

Опремата за лична заштита е нашата најсилна одбрана во борбата со пандемијата, но за жал за да биде ефикасна, мора да биде со еднократна употреба. Тоа придонесува за значително зголемување на отпадот во светот, а според една студија од 2020 година, 129 милиони маски се користеле секој месец во првите фази од пандемијата. Тие завршиле на депонија, во океаните или се закопани под земја, каде што создаваат опасни гасови.

- Advertisement -

Затоа научнциите бараат начини да се рециклираат во корисни предмети, како што е материјал за патишта. Сега новата студија покажа дека од нив може да се произведат релативно ефикасни батерии.

Најпрвин истражувачите ги дезинфицирале маските со ултразвук, потоа ги потопиле мастило направено од графен, а најпосле ги компресирале и ги загревале на температура од 140 °C, при што се формирале пелети кои функционираат како електроди на батерии. Тие се одделуваат со изолација, која исто така се прави од стари маски, а потоа се се потопува во електролит и се сокрива со заштитна обвивка направена од друг вид на медицински отпад – амбалажа од капусли и таблети.

- Advertisement -

Чистењето на маските од природата е само еден дел од решението затоа што се би било залудно ако батериите кои ќе се произведат не се ефикасни. Но, за среќа тие се зачудувачки ефикасни и како што велат од тимот, постигнлае густина на енергија од 99,7 Wh/kg. Тоа е приближно колку густината на енергијата во литиум-јонските батерии, каде што се движи од 100 до 265 Wh/kg.

Истражувачите уште повеќе ги подобриле батериите со додавање наночестички од калциум-кобалт оксид перовскајт на електродите. Тоа ја зголемило густината на енергијата за повеќе од дупло и достигнала 208 Wh/kg. Верзијата од батеријата со најдобри перформанси задржала 82% од капацитетот после 1.500 циклуси на употреба и може да дава енергија над 10 часа со волтажа до 0.54 V.

- Advertisement -

(New Atlas)

(фото: Max Pixel)

Сподели!
- Advertisement -