До 2026 година четвртина од луѓето ќе поминуваат најмалку еден час во мета универзумот

- Advertisement -

Луѓето и сега луѓето поминуваат часови во дигитални и виртуелни светови, било да се тоа видееоигри, сурфање на интернет, на социјални мрежи и слично. Во иднина експертите на Gartner предвидуваат дека дел од тоа време ќе се поминува во мета универзумот. Овој збор неодамна стана мега популарен откако Марк Цукерберг го промени името на компанијата Facebook во Metа, а се однесува на споделениот виртуелен простор кој нуди импресивни искуства, во кој луѓето ќе играат, ќе работат, ќе пазарат, ќе се образуваат итн.

До 2026 година 25% од луѓето ќе поминуваат најмалку еден час дневно во мета универзумот, а од Гартнер веруваат дека со мета универзумот нема да владее само една компанија како Metа, туку различни компании. Мета универзумот ќе има сопствена виртуелна економија базирана на дигитални валути и NFT, а само минатата година пазарот на NFT вредел околу 27 милијарди долари.

- Advertisement -

Додека некои мета универзумот го споредуваат само со видеоигри, во иднина ќе има многу повеќе опции и на луѓето ќе им се овозможи да ги реплицираат или да ги подобрат своите физички активности. Компаниите преку мета универзумот ќе комуницираат со своите корисници, на вработените ќе им овозможат подобра соработка преку имерсивни работни места во виртуелни канцеларии, додека виртуелните настани на корисниците ќе им понудат нови опции за дружење, работилници итн.

Исто така, во таквите виртуелни светоби ќе се купуваат дигитални земјишта и куќи, кои можеби ќе бидат поскапи и од тие во реалниот свет, ќе се оди на шопинг во виртуелни продавници итн. До 2026 година околу една третина од организациите ќе го прошират својот бизнис модел на мета универузмот, во кој ќе ги продаваат своите производи и услуги и од Гартнер велат дека уште сега организациите треба да почнат со развој на своите дигитални стратегии, кои вклучуваат инфраструктура и корисници поврзани со мета универзумот.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -