Израел забрани „лекување“ на хомосексуалноста

- Advertisement -

Израел забрани контроверзни терапии за „лекување“ на хомосексуалноста и таа пракса ја нарече „опасно злоупотребување“. Наредбата, која беше донесена вчера, вклучува и казни за оние што учествуваат во спроведувањето на ова „опасно злоупотребување на младите припадници на ЛГБТ заедницата“, напиша израелскиот министер за здравство, Ницан Хоровиц, на Twitter.

Тој истакна дека сексуалната ориентација не е проблем кој треба да се лекува, а контроверзните терапии не се лекување.

- Advertisement -

„Лезбејки, геј лица, транс и хетеросексуалци – одлични сте и убави сте такви какви што се“ порача Хоровиц.

Израел последните децении стана значително потолерантна нација кон хомосексуалноста, а посебно либерален во тој поглед се смета Тел Авив, Но, истополовите парови уште не можат да се венчаат во земјата.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -