Картичките на некои руски банки повеќе не може да се користат во странство

- Advertisement -


Картичките на некои руски банки повеќе не може да се користат во странство, ниту за онлајн плаќање во земјите кои им наметнаа санкции, а корисниците повеќе немаат поддршка за системот за мобилно плаќање на Google и Apple.

После нападот врз Украина, Русија се најде на ударот на доста санкции. Дел од тие санкции се однесуваат и на банките, а корисниците на тие руски банки санкциите ги почувствуваа и преку неможноста да ги користат популарните услуги на телефоните на Apple и на мобилните уреди со Android.

- Advertisement -

Како што објавија од Централната банка на Руската федерација, а пренесуваат технолошките медиуми, корисниците на некои од најголемите банки во Русија повеќе не можат да ги користат своите дебитни и кредитни картички со услугите на Apple Pay и Google Pay. Меѓу нив, тоа се однесува на корисниците на VTB Group, Sovcombank, Novikombank, Promsvyazbank и Otkritie FC Bankа. Корисниците на овие банки и понатаму можат да ги користат своите картички за купување на POS апарати, но освен со системите за плаќање на Apple и Google, нема да можат да ги користат ни за купување на интернет страниците на земјите кои прогласија санкции и нема да можат да ги користат во странство.

На таа листа со банки не е Sberbank, од каде што после најавата на санкциите рекоа дека продолжуваат со досегашната работа, но детално ќе го проучат влијанието на санкциите. Сепак, како што може да се види од редовите корисниците пред филијалите на оваа банка во други земји, луѓето одлучиле да ги повлечат своите пари од Sberbank и да ги префрлат на сметки на други банки.

- Advertisement -

Иако услугите Apple Pay и Google Pay се прилично популарни во Европа и во САД и милиони ги користат за мобилно плаќање, тие сепак немаат толку корисници во Русија. Според податоците од 2020 година, уделот на Google Pay во Русија е 29%, а на Apple Pay е 20%.

(Engadget)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -