Facebook ја лансира долго ветуваната алатка за заштита на приватноста

- Advertisement -

Социјалната мрежа Facebook ја лансира долго ветуваната алатка која овозможува корисниците да ја блокираат социјалната мрежа од собирање информации за нив од други страници и апликации.

Од Facebook соопштија дека ќе додадат место каде што корисниците можат да ги видат активностите кои Facebook ги следи надвор од својот сервис и тоа можат да го исклучат ако сакаат. Оваа алатка за почеток ќе се појави во Јужна Кореја, Ирска и во Шпанија, а во текот на наредните неколку месеци и во други земји во светот.

- Advertisement -

Facebook се соочува со се поголем надзор од владите поради својата пракса во однос на приватноста. Извршниот директор на компанијата, Марк Цукерберг, пред повеќе од една година најави дека компанијата работи на оваа функција.

Сподели!
- Advertisement -