PayPal ги суспендираше своите услуги во Русија

- Advertisement -

Додека конфликтот меѓу Русија и Украина се разгорува, PayPal привремено ги прекина своите услуги за Русија, пренесува Reuters. Во објава на Twitter, украинскиот вице премиер Микајло Федоров го сподели писмото испратено до извршниот директор на PayPal, Ден Шулман, во кое се вели: „Со оглед на околностите, одлучивме да ги суспендираме нашите услуги во Русија. PayPal го поддржува украинскиот народ и го дели ставот со меѓународната заедница во осудата на насилната вона агресија на Русија во Украина“.

Портпарол на PayPal за Reuters изјави дека компанијата ќе продолжи да дозволува повлекувањена пари од нивните сметки во согласност со законите и регулативите. Пред да ја донесат оваа одлука компанијата на 2 март престана да прифаќа нови руски корисници на платформата.

- Advertisement -

Моменталниот прекин на услугите на PayPal го вклучува и трансферот на пари преку Xoom.

(Engadget)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -