Очилата Ray Ban Stories снимаат видеа од 60 секунди

- Advertisement -

Во септември минатата година компанијата Meta (Facebook) ги претстави паметните очила Ray-Ban Stories и почна да ги продава на избрани пазари по цена од 329 евра. Очилата на познатиот италијански бренд само условно може да се наречат паметни затоа што на себе немаат никаков екран, туку единствената опција им е да прават фотографии или да снимаат видеа во треаење од 60 секунди со вградената дуал камера од 5 MP. Може да се поврзат со Android или iOS телефон преку апликацијата Facebook View.

Очилата имаат и звучник кој со глас јавува нотификации од типот на „празна батерија“ и „полна меморија“, а за да не ја нарушувате приватноста на луѓето кои ги снимате со „скриената камера“ на нив има и ЛЕД светло кое свети кога е вклучено снимањето.

- Advertisement -

Meta сега објави дека очилата е надградени со софтверско подобрување, кое им овозможува да снимаат видеа во траење од 60 секунди, а таа опција ќе биде достапна од почетокот на април годинава. Покрај тоа, Facebook и компанијата-сопственик на RayBan, Luxottica, ќе лансираат и 4 нови комбинации на бои на стакло и рамка, што значи дека купувачите сега ќе имаат на располагање вкупно 28 модели.

(фото: Ray Ban)

Сподели!
- Advertisement -