Русите најдоа замена за McDonald’s

- Advertisement -


McDonald’s минатата недела привремено ги затвори сите 847 ресторани во русија во знак на протест поради инвазијата на Русија врз Украина. Но, Русите веднаш тргнаа во ребрендирање на познат синџир за брза храна, па така „Вујко Вања“ сега беше претставен како замена за McDonald’s.

Медиумите пренесуваат дека тој синџир наводно октрил лого кое е слично на американскиот популарен синџир, пишува Independent. Новото име на синџирот треба да биде „Вујко Вања“, по примерот на истоимената драма на Антон Чехов од 1899 година.

- Advertisement -

РЕгистрацијата на заштитниот знак за франшизата на „Вујко Вања“ била поднесена минатата недела. McDonald’s после 30 години работа во Русија привремено ги затвори сите ресторани во земјата поради притисокот од потрошувачите да се спротивстават на руската инвазија врз Украина.

Новото лого на рускиот синџир е направено по буквата „В“ во името, а корисниците од социјалните мрежи брзо посочија дека е многу слично на логото на McDonald’s.

- Advertisement -

Градоначалникот на Москва истакна дека домашните синџири за брза храна може да заменат 250 ресторани на MсDonald’s во руската престолнина во рок од една година. Според информациите, градското собрание доделило околу 4,3 милиони евра на домашните синџири за брза храна.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Twitter)

Сподели!
- Advertisement -