СЗО предупредува: Уште сме на средината на пандемијата на корона вирусот

- Advertisement -

Светот е на средидната на пандемијата на корона вирусот, порача вчера Светската здравствена организација и истакна дека во светот бројот на заразени и болни од вирусот повторно расте.

Пандемијата на КОВИД-19 ни одблиску не е готова, изјави портпаролката на СЗО, Маргарет Харис и додаде дека сигурно сме на средината на пандемијата. Здравствената агенција на ОН претходно истакна дека акутната фаза од пандемијата може да заврши годинава, но се ќе зависи од тоа колку брзо ќе ја исполниме целта 70% од населението во секоја земја.

- Advertisement -

Податоците на СЗО објавени неделава покажуваат дека глобалниот раст на бројот на случаи на новозаболени од КОВИД-19 и тие податоци може да сокриваат поголем проблем во моментот кога некои земји тестираат се помал број луѓе со симптоми кои одговараат на корона вирусот.

Според СЗО, комбинација од фактори довела до пораст на бројот на новозаразени, меѓу кои се многу заразната омикрон варијанта на корона вирусот и подваријантата BA.2, како и на укинувањето на дел од епидемилошки и јавноздравствени мерки во општествата.

- Advertisement -

Ова зголемување на бројот на новозаразени се случува после намалувањето на бројот на тестирани во некои земји, што значи дека случаите кои ги гледаме се само врвот на сантата. Ниската стапка на вакцинирани во некои земји, делумно како последица на огромната количина дезинформации, исто така се објаснение на порастот на бројот на случаи на заразени со КОВИД-19.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: ccnull.de)

Сподели!
- Advertisement -