Паркинсоновата болест е прогресивна дегенеративна состојба која се карактеризира со треперење ан рацете, забавено движење, вкочанетост и абнормално држење на телото.
Ново истражување претставено на годишниот состанок на Американското друштво за фармакологија и експериментална терапија покажа потенцијал за примање генетички модифицирани бактерии како ефикасен третман за Паркинсонова болест. Истражувачите создале бактерија која може да го синтетизира лекот во цревата на пациентот, а тестовите покажуваат дека таа е безбедна и ефикасна.
Идејата за креирање бактерии кои би служеле како медицински третман не е нова. Со години научниците експериментирааt со начини за модифицирање бактерии – од бактерии кои го јадаг вишокот алуминиум и рак на дебело црево.
Се разбира, пред таквата идеја да боде спремна за клиничка примена поттребно е да се надминат неколку пречки. Едната е да се понудат контролирани дози лек преку таблета, како и ограничувањето на растот на живите микроби дизајнирани да ги синтетизираат тие лекови во човечкото тело.
Новото истражување на тим научниви, меѓу кои има и научници од Универзитетот на Џорџија, претстави битен чекор напред во изработката на човечкиот пробиотик ешерихија коли Nissle 1917, кој е развиен за континуирано синтетизирање на лекот за Паркинсонова болест познат како L-DOPA.
L-DOPA е молекула која делува како предвовдник на допаминот и веќе со децении е златен стандар за лекување на Паркиносоновата болест, Докторите открија дека после отприлика пет години лекување со L-DOPA пациентите ќестопати развиваат нуспојави познати како дискинезија. Се смета дека тие нуспојави се поврзани со недостигот на ко +нтиуниран извор на лек во мозокот.
(Vidi.hr)
(фото: Wikimedia)