Доделени наградите Златно Тркало 2022 – Volkswagen ID.4 и Porsche Taycan се победници!

- Advertisement -

Porsche Taycan ја доби наградата Златно Тркало за Најпосакуван Премиум Автомобил во Македонија.

Porsche Taycan Cross Turismo беше номиниран во својата категорија и по еден месец онлајн гласање ја освои наградата со најголем процент (43,45%) од гласовите од сите други категории.

- Advertisement -

На гала вечер организирана од специјализираните автомобилски новинари од редакциите на Аvto Plus, CarClub, CarsbyVik и RPM, наградата „Златно Тркало“ ja прими Бренд Менаџерот на Porsche – г-дин Винко Марашевиќ кој во своето обраќање до публиката истакна: „Доказите се јасни, иднината е електрична. Иднината е исто така премиум. Иднината е брза и изгледа прекрасно.“

Електричниот компактен кросовер Volkswagen ID.4 ја доби наградата за Најпосакуван Електрифициран Автомобил во Македонија.

- Advertisement -

Првиот електричен SUV на Volkswagen покажува дека и меѓу македонските купувачи има навистина голем интерес за електричните возила, особено кога станува збор за SUV. „Електрификацијата зема замав, а публиката ги препознаваат квалитетите на ID.4, кој ги обединува напредните технологии и предностите на возење електрично возило, со трендовската форма на SUV.“ – изјави г-дин Александар Цветковски, Бренд Менаџер за Volkswagen во Македонија.

Главната награда ЗЛАТНО ТРКАЛО за Најпосакуван Автомобил во Македонија оди кај Volkswagen ID.4

- Advertisement -

Оваа година, електричниот SUV на Volkswagen се закити со титулата за „Најпосакуван Автомобил во Македонија“ со освоени 38.35% од гласовите.

Претставувајќи ја компанијата Порше Македонија, Генералниот Директор г-дин Златко Муцунски ја прими главната награда „Златно Тркало“ истакнувајќи: „Комбинацијата од електричен SUV, врвни електрични перформанси и моќта на брендот Volkswagen покажуваат дека и кај нашите купувачи има вистински интерес за електрични возила кои ја докажуваат својата сестраност во вистинска форма која е многу привлечна. Се надеваме дека трендот ќе продолжи и во иднина.“

Наградата „Златно Тркало“ е нов уникатен начин да се добие пулсот на луѓето. Основана од жирито на најуспешните онлајн медиуми во државата, наградата Златно Тркало е нов пристап за откривање на најпосакуваните возила во земјата.

Сподели!
- Advertisement -