Хрватска компанија развива паметни очила за глуви лица

- Advertisement -

Хрвстатскиот стартап GROW на Јосипa и Кристијан Бенчек ја лансираше својата прва кампања за групно финансирање на платформата Indiegogo, со кога сакаат да соберат средства за развој на своите очила за глуви лица и за лица со оштетен слух.

Во загрепскиот Z центар беа претставени очилата VOICEE, кои во реално време на екранот го испишуваат текстот кој го изговараат луѓето околу нив. Минатата година Јосипa и Кристијан по прв пат на јавноста и ја прикажаа својата иновација, која беше дочекана со одушевување и оправдано неколку пати наградена. Иако го развија потребниот софтвер и очилата се функционални, има уште простор за развој за 97 милиони луѓе во светот да го решат проблемот кој го имаат со слухот.

- Advertisement -

Моменталниот прототип преку микрофон ги прима звуците кои потоа ги испраќа во облак, а ги враќа назад во форма на текст на стаклото на очилата. Го тестиравме на глуви лица, но и на многу други луѓе. Иако уште имаме некои тешкотии како што е продолжување на животниот век на батериите, VOICEE очилата се спремни за употреба“ изјави Кристијан Бенчек.

Кампањата за групно финансирање ќе биде активна 55 дена, а можете да ја најдете на овој линк.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(YouTube)

Сподели!
- Advertisement -