Научно докажано: помладите генерации имаат поголем мозок

- Advertisement -

Како што поминува времето, така се менуваат и луѓето, па дури и сега гледаме некои промени во физичкиот изглед. На пример, во последните стотина години ние луѓето станавме малку повисоки, во некои делови од светот дури 15-20 см во просек. Но, изгледа дека помладите генерации не добиле само сантиметри во висина, туку според едно ново истражување, имаат и поголем волумен на мозокот, што може да го намали ризикот од деменција.

Имено, научниците ги снимиле мозоците на над 3.000 Американци на возраст од 55 до 65 години и откриле дека луѓето родени во 1970-тите години имаат 6,6% поголем мозок од тие родени во 1930-тите. Припадниците на генерацијата X имале и 8% поголем волумен на белата маа и 15% поголем волумен на сивата маса. Дополнително, на помладите генерации им се зголемил хипокампусот за 5,7%, кој игра главна улога во помнењето и учењето.

- Advertisement -

Централниот нервен систем сесостои од бела и сива маса, На површината на мозокот има сива маса, составена ов нервни клетки меѓу кои има потпорно ткиво, а во централниот дел на мозокот има бела маса составена од нервни влакна кои излегуваат од нервните клетки во сивата маса.

Сивата маса има сивкаста боја поради високата концентрација на нервни клетки, кои управуваат со значајни функции како говорот, учењето, движењето и сл. Различни делови од мозокот се одговорни за различни финкции, а сивата маса има значајна улога во сите аспекти од човечкиот живот.

- Advertisement -

Од друга страна, белата маса главно се состои од нервни влакна аксони, кои ги поврзуваат мозочните клетки и ја олеснуваат комуникацијата со остатокот од телото.

„Изгледа дека деценијата во која се раќа човекот има влијание врз големината намозокот и потенцијалното долгорочно здравје на мозокот. Иако генетиката има примарна улога во одредувањето на големината на мозокот, нашето истражување покажа дека на тоа може да влијаат и надворешни фактори како што се здравствената состојба, општествената средина,културата и образованието“ вели неврологот Чарлс Декарл од Универзитетот Калифорнија Дејвис.

- Advertisement -

Студијата за ова е објавена во научното списание Science Alert.

Деменцијата во последните децении погодува се повеќе луѓе, но изгледа дека ситуацијата не оди на полошо како што се мислеше. Имено, изгледа дека помладите генерации, веројатно поради поздравиот начин на живот, имаат помал ризик од оваа болест. Но, во тоа играат улога и други фактори.

Во текот на деменцијата се намалува сивата маса на мозокот. Ако заболениот мозок има поголем волумен, логично е дека поголемиот обем може да даде одредена заштита од деменција или барем да ја забави. Претходните студии покажаа дека луѓето со поголема глава кои боледуваат од Алцхајмер имаат подобри когнитивни функции од тие со помала глава со истата болест.

Научниците не ги споредувале само мозоците на луѓето родени од 1930-тите и 1970-тите години, туку анализирале и податоци на 1.145 испитаници родени во 1940-тите и 1950-тите години. И тие податоци укажале на константен и доследен раст на волуменот на мозокот.

Треба да напоменеме дека поголемиот волумен на мозокот не значи нужно и подобра когнитивна способност, затоа што на здравјето на мозочниот апарат може да влијаат и бројни други фактори како што се физичката активност и здравиот начин на живот.

(Index.hr)

(фото: Pixexid)

Сподели!
- Advertisement -