МИТ создаде материјал лесен како пластика, а поцврст од челик

- Advertisement -

Полимерите се сестрани материјали, од кои пластиката можеби е најпознатиот пример. Тие под микроскоп обично изгледаат како низи, еднодимензионални синџири кои се нарекуваат монети, но може да се претворат во тридимензионални облици преку некои производни методи. Меѓутоа, многу е тешко полимерите да се врзат во дводимензионални плочи.Иако некои тимови постигнале успех во тоа, материјалите кои ги добиле имале грешки кои ја намалувате нивната цврстина или другите пожелни својства.

Научници од Институтот за технологија на Масачусетс (МИТ) сега развија нова производна метода која на полимерите им овозможува да формираат 2Д листови, а притоа да ја задржат цврстината. Тимот почнал со меланин како мономер, кој има структура на прстени од јаглерод и азот. Во раствор кој е изложен на соодветни услови овие молекули растат странично во форма на дискови, кои потоа се поставуваат еден на друг со водородни врски кои ги држат слоевите заедно.

- Advertisement -

„Наместо да направиме молекула налик на шпагети, ние можеме да направиме молекуларна рамнина налик на лист, каде што молекулите ќе ги споиме во две димензии. Овој механизам се случува спонтано во растворот, а потоа синтетизираниот материјал можеме да го центрифугираме во тенки слоеви кои се многу цврсти” вели Мајкл Страно, еден од авторите на студијата.

(Vidi.hr)

Сподели!
- Advertisement -