Македонските средношколци се вратија со злато од Балканската математичка олимпијада

- Advertisement -

Средношколецот Никола Спировски освои златен медал на овогодишната Балканска математичка олимпијада 2022, што е прв ваков успех во македонската историја.

Покрај златниот медал, македонските претставници Дамјан Давков и Јан Стојановски освоија и два сребрени медали, додека бронзен медал освои Алексиј Тасиќ. Пофалници беа доделени на Јасна Илиева и Блаже Суклевски.

- Advertisement -

Од Сојузот на математичари на Македонија соопштија дека македонската екипа оваа година го постигна и најголемиот екипен успех, со освоени 118 поени и по бројот на освоени медали го зазеде третото место на Балканската математичка олимпијада после Романија и Грција.

39-тата Балканска математичка олимпијада се одржуваше од 4 до 9 мај во Кипар на која учествуваа тимови од 11 држави од Балканот. Македонскиот тим го претставуваа шест средношколци. Лидер на тимот беше Никола Велов, а заменик лидер Петар Филиповски.

- Advertisement -

Фото – Сојуз на математичари на Македонија

Сподели!
- Advertisement -