Неочекувани места каде што може да се стават соларни панели

- Advertisement -

Додека сме навикнати соларните панели главно да ги гледаме по крововите на куќите и зградите или во соларни паркови за генерирање електрична енергија, треба да знаеме дека тие може да се постават на многу места, од кои некои се навистина неочекувани.

Едно такво место се паркинзите за автомобили. Панелите може да се постават наместо стреа на паркинзите и енергијата што тие ќе ја генерираат потоа да се користи за полнење на електричните автомобили. На тој начин истовремено се придонесува за разладување на градовите затоа што наместо енергијата да допре до асфалтот и да го загрее, се апсорбира од соларните панели.

- Advertisement -

Понатаму, соларните панели се поставуваат и среде езера. Германија само што ја постави најголемата пловечка соларна фарма во Европа, која ќе биде доволна за со електрична енергија да се снабдуваат 600 домаќинства. Со тоа ќе се заштеди емисија на 1.100 тони СО2.

Соларните острови се уште еден пример за неочекувано место за соларни панели. Во 2019 година остров од Малдивите изгради соларна фарма во морето за да го напојува со енергија локалниот туристички ресорт.

- Advertisement -

Четвртата неочекувана локација се планините. Инсталирањето на соларни панели на поголема надморска висина има свои предности. На пример, соларните панели подобро функционираат кога е ладно, а сончевата светлина е уште посилна затоа пто се рефлектирса од снегот наоколу.

Последното место на кое не би очекувале да видите соларни панели е вселената. Така, владата на Велика Британија планира да изгради масивна соларна вселенска станица, која генерираната обновлива енергија ќе ја испраќа на Земјата.

- Advertisement -

(World Economic Forum)

(фото: Piqsels)

Сподели!
- Advertisement -