Недостигот од чипови, се поголемата побарувачка и општата инфлација доведоа до тоа најголемите производители на чипови во светот значително да ги покачат цените на чиповите, од кои Samsung најавува најголемо поскапување.
На кризата предизвикана од пандемијата на корона вирусот се надоврза кризата со недостигот од работна сдила, па потоа дојде инфлацијата, растот на каматните стапки, војната во Украина и новиот бран на пандемијата во Кина. Сето тоа доведе до една многу непожелна ситуација за многу производители на електроника, па тие велат дека биле принудени да ги покачат цените.
Индустриската гранка за производство на чипови веќе почна со поскапувањето. Големите купувачи веќе пријавија дека Samsung Electronics, најголемиот производител на чипови во светот, ги покачува цените за 15% до 20%, во зависност од производот.
Samsung минатата година ги држеше цените на производите релативно стабилни, додека други ги покачуваа, па овој потег до некаде е и очекуван. Bloomberg пишува дека најмногу ќе поскапат чиповите базирани на постари технологии, а новите цени ќе се применуваат од втората половина на годинава, откако ќе заврпат преговорите со купувачите.
Освен Samsung, поскапување најавија и TSMC и UMC. TSMC минатата година веќе ги поскапе производите за 20%, а сега ќе ги покачи цените за дополнителни 5% до 8%. UMC би требало своите чипови да ги поскапи за околу 4% само ова тримесечје.
Поскапувањето на чиповите ќе влијае на покачувањето на цените на уредите во коишто се вградуваат – од мобилни телефони и лаптопи, играчки конзоли до апарати за домаќинство и автомобили.
(Bug.hr)
(фото: Flickr)