Huawei и понатаму е омилениот работодавец за кинеските студенти

- Advertisement -

Кампањата на САД против Huawei можеби почнува да му наптетува на бизнисот на компанијата, но уште и нема наштетено на репутацијата на овој технолошки гигант меѓу кинеските студенти, кои Huawei го сметаат за идеално место за работа.

Споре најновото истражување кое го спроведе компанијата Universum и во кое бе вклучени 50.000 кинески студенти, компанијата со седиште во Шенжен е најпривлечен работодавец во Кина и ги победи ривалите од рангот на Alibaba и Tencent.

- Advertisement -

Ова е втора година Huawei да се најде на првото место според студентите по инженеринг, а годинава успеа и да му ја заземе првата позиција на Alibaba кај студентите по бизнис. Истражувањето на Universum беше спроведено во текот на март годинава.

Почна како продавач на евтини телефони во руралните делови на Кина во 80-тите години на минатиот век, а изминативе години стана најголемиот производител на опрема за телекомуникациски компании и број 2 производител на смартфони во светот, веднаш зад Samsung.

Сподели!
- Advertisement -